На 2 септември 30 јубилејно мото-рели „Македонија независност“

Од 2 до 4 септември Мотоциклистичка федерација на Македонија ќе го реализира 30.  јубилејно издание на мото-релито „Македонија независност“.

На годинашново издание ќе учествуваат повеќе од 400 моторциклисти од државата и странство кои за три дена со своите мотори ќе ја заобиколата целата држава.

Мото релито започнува од Скопје на 2 септември, а првата попатна пауза е во Кочани по што ќе следува и мото дефиле низ градот.

 Стартот на дефилето е планиран од Градскиот стадион во 11:00ч, а ќе се вози  до Шопинг центарот во Кочани. По претставувањето во Кочани дефилето продолжува за Дојран каде е планирано ноќевање. Вториот ден од мото-релито е планирано да се вози низ централниот дел на Македонија со ноќевање во Охрид, а последниот ден ќе се вози низ западна Македонија со пристигнувње во Скопје.

Мото-релито „Македонија независност“  е единствен спортски настан кој се одржува во континуитет точно 30 години. Низ годините се реализира низ различни форми во зависност од околностите. Неговата примарна цел е промоција на моторциклизмот како спорт.

Сподели: