Почитувани,
Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани Ве повикува на настан по повод светскиот ден на книгата и авторските права на 20.04.2022 година (среда) со почеток 12:30 ч. на Западна тараса при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани Светска ден на книгата и авторските права 23 април е светски ден на книгата и авторските права.
Светскиот ден на книгата и авторските права почнува да се одбележува од 1995 година, а е прогласен од УНЕСКО за да им се даде признание на книгите и на писателите.
Светскиот ден на книгата е посветен за промовирање на навики за читање, објавување и авторски права.
Овој ден е посветен на љубителите на книгата и авторските права низ целиот свет.
Во Македонија со закон се уредува правото на авторите над нивните дела од областа на книжевноста науката и уметноста.
НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани