На 20 октомври пензионерите на протест и блокада на влезот на Кочани

Иницијативниот одбор на пензионерите кои протестираат поради ниските пензии, и бараат линеарно зголемување од 5.000 денари и определување минимална пензија од најмалку 18.000 денари, најавува нов протестен собир за петок, 20. Октомври, во 17 часот. Протестот ќе се одржи во паркот кај ЦК „Бели Мугри“ и ќе продолжи со блокирање на сообраќајницата на влезот во Кочани, кај Судот, од правец на Зрновци. Пред присутните ќе се обратат членови на ИО, кои ќе информираат за досегашните активности, како и за донесените одлуки за понатамошното организирање на протестите.

Членовите на Иницијативниот одбор, истовремено, го искажуваат својот револт поради намаленото покачување на пензиите од ветените 6,8% на 5,3%, сомневајќи се во начинот на усогласувањето, како и поради фактот дека најниските пензии пораснаа за помалку од 700 денари, а највисоките пензии пораснаа за над 3.500 денари, или пет пати повеќе.

Сподели: