На 21 април – Младинска крводарителска акција во Кочани

Почитувани средношколци, студенти и млади лица,

Општинската организација на Црвен крст Кочани Ве поканува да земете учество на младинската крводарителската акцијата што ќе се одржи в четврток, на 21 април 2022 год. со почеток од 09:00 до 13:00 ч. во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани.

Мал гест како дарување на крв може да направи голема промена во животот на лицата на кои крвта им е потебна.

За таа цел ги покануваме сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица, да се вклучат во акцијата и со хуман гест на крводарување да придонесат во обезбедување на доволно количество на крв и крвни продукти.

Крводарувањето значи ЖИВОТ! Ве очекуваме.

Црвен крст – Кочани

Сподели: