На 21 и 22 мај – прскање против комарци во Кочанско

На 21 и 22 мај (четврток и петок), на подрачјето на Кочани ќе се спроведе превентивно терестичко, односно прскање од земја за заштита од комарци.
Ова е првата фаза од дезинсекцијата со која ќе бидат опфатени 300 хектари од градското подрачје на Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

За третманот против комарците ќе се користи препратот аква к-отрин со активната супстанција делтаметрин, широкоспектарен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Прскањето ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани.

Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.

Сподели: