На 21 септемри во „Бели Мугри“ – Хуманитарна изложба во чест на Благоја Апостоловски – Баки

В среда, на 21 септември на Западната тераса на НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани со почеток од 19 ч. ќе биде отворена изложба на дела на авторот – уметник  Симеон Трајчов од Кочани.

Изложбата ќе има хуманитарен карактер, а се организира во чест на прерано згаснатиот млад живот на нашиот сограѓанин Благоја Апостоловски – Баки.

Средствата собрани од продажбата на уметничките дела ќе бидат донирани на лица кои боледуваат од канцер – соопштија организаторите.

Сподели: