На 21 јануари – Натпревари во брзо одење и трчање, „Nordic Snow Trail“ 2024

Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ – Кочани на 21 јануари 2024 год. (недела) за прв пат организира настан со натпреварувачки и ревијален карактер, Ревијален натпревар во брзо одење со планинарски стапчиња „Nordic snow trail“ 2024 и натпревар во брзо трчање „Nebojani Trail“ 2024.

Патеката и на двете дисциплини започнува од месноста Крушка кај Три Багрема, кружна патека во должина од 18 км. и висинско искачување од 900 метри. Стартот е планиран од 09 ч., в недела на 21 јануари, додека натпреварувачите треба да бидат на позициите во 08:30 ч. Котизацијата за учество е 200 денари по лице.

Организаторот на настанот за сите учесници ќе обезбеди ручек и пијалоци, а за присутните ќе има и целодневна забава со ДЈ.

Пријавувањето на учесниците е на стартот на трката.

Сподели: