На 22 април – Пролетен Велигденски базар на рачни изработки

На 22 април, петок, во Градскиот парк во Кочани ќе се одржи Пролетен Велигденски базар на рачни изработки на кој ќе бидат изложени изработки на дваесетина креативци од градови од Македонија.

Настанот е со почеток од 12:00 до 18 ч.

Базарот е од продажен и промотивен карактер.

Граѓаните ќе можат да купат од изработки со што ќе ги поддржат креативците во нивните мали бизниси.

Сподели: