На 22 февруари 2023 год. (среда) со почеток во 19 ч. во Салата на матичното во Кочани Здружението „За наше Кочани“ ги поканува граѓаните на Кочани на трибина на која говорници ќе бидат Владимир Чеп Данилов, претседател на здружението во Кочани и Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.
– Гледајки како Македонија се уназадува во изминативе 30тина години и разочаран од функционирањето на политичките субјекти, во ваква идеја за организирање се препознав и решивме да се приклучиме на концептот на граѓански здруженија кои почнаа од Куманово и го формиравме здружението на граѓани „ЗА НАШЕ КОЧАНИ”. Целта ни е да ги привлечеме сите луѓе кои сакаат Македонија да ја видат без корупција, економски развиена, со просперитетна младина и се разбира со зачуван идентитет. Ги повикуваме да ни се приклучат сите граѓани, кои сакаат рамо до рамо да ја водиме оваа борба, – истакнаа од ЗГ „За наше Кочани“.