Љубителите на зимските спортови в среда на 22 јануари ќе имаат можност да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.
Ски-патеките 1 и 3 на СРЦ „Пониква“ се целосно израмнети и подготвени, а ќе се скија во периодот од 17:00 ч. до 20:00 ч.
Ноќното скијање е прво во годинашнава сезона на Пониква.
Посетителите дополнително можат да изнајмат опрема за скијање или санкање од СКИ Надја – Пониква.

