На 23 јуни – Прва велосипедска тура „Манданата“ 2024

КПС “Осоговски Орел” по прв пат во соработка со Општина Кочани на 23 јуни 2024 год. а во пресрет на празнуваньето на празникот на градот Петровден организира Велосипедска Тура “МАНДАНАТА 2024”.

Пристигнување на учесниците на дестинацијата која е договорена за почеток на турата -манастирот Св. Илија во село Бочвeнец . Регистрирање на учесниците и подигнување на стартните броеви.

Почетокот на турата е прeдвиден во 9:30h. Од стартот се вози село Крушка , сртот на село Качаник и Длги Дол. Потоа патеката се спушта во Бела река, има искачување кон село Мишино каде над селото ке се направи пауза и ке се одаде почест на познатиот револуционер Стефан Мандалов Манданата (афера Мис Стон) кој на ова подрачје го изгубил животот.

По паузата следува спуст кон Ново Село поминувајки покрај манастирот Св.Димитрија. Потоа патеката води со спуст кон освежителната станица во манастирот Св. Симеон во село Костин Дол.

По освежувањето учесниците повторно ја минуваат Бела река и се искачуваат и се враќаат на манастирот во село Бочвинец. Потоа следува доделување на финишери и благодарници, ручек и освежување

Линк за пријавување: https://osogovo.events.datacom.mk/mk/events/mtb-velosipedska-tura-mandanata-2024

КПС „Осоговски Орел“ – Кочани

Сподели: