На 24 ноември во „Искра“ – Промоција на книжевен портрет на Ана Дедова

Утре, 24 ноември 2022 год.  во 14 ч. во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани ќе биде промовиран книжевен портрет на авторката Ана Дедова од Кочани.

Промоцијата е по повод 25 години од творештвото на авторката. Промотор на делото ќе биде М-р Љубинка Ајтовска, додека модератор Аника Илиевска – Ѓорѓиева.

Настанот е во организација на ЈОУБ „Искра“ – Кочани.

Сподели: