На 25 август 2024 година (недела), Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани во сеќавање на својот починат член, планинар и другар, Стамен Каровски, го организира Вториот традиционален меморијален планинарски марш со искачување на највисокиот врв на Пониква, врвот Панаѓур со 1669 метри надморска височина на Осоговските Планини.
Панаѓур пружа одличен поглед на сите планински масиви во Македонија, како и на Рила и Пирин во соседна Бугарија.
Акцијата започнува од паркингот на туристичкиот локалитет Пониква и движењето се одвива по маркирана планинарска патека, која над 80% поминува низ букова шума. Последните 500 метри до врвот движењето е по пасиштен терен.
Должина на патеката: 9км кружна и е од лесен карактер
ВАЖНО
– Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце, планинарски стапчиња.
ПСК Осогово за секој учесник има обезбедено ручек.
– Пожелно е секој учесник да носи прибор за заедничкиот ручек
*На патеката на едно место има извор на вода, меѓутоа во летниот период можно е да биде пресушен.
ПРОГРАМА
08 ч. – поагање од градскиот парк во Кочани со организиран и сопствен превоз
09.00 ч. – старт на акцијата од Пониква
11.00 пристигнување на врвот Панагур 1669мнв
12.00 ч поагање назад
14.00 ч. – пристигнување на Пониква и заеднички ручек
14.30 ч – доделување на благодарници
Задолжителна пријава за учество со број на членови
*Заради организациски потреби пријавувањето за Маршот е најдоцна до петок (23 август 2024)!
*Акцијата се организира во соработка со општина Кочани
НАПОМЕНА
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
Контакт телефон 078 270 724 Тошо Антов
Со почит,
ПСК Осогово – Кочани