На 26 март „Ротари трка“ во Кочани, тече рокот за пријавување на заинтересираните учесници

Ротари клубот Кочани-Виница на 26 март организира „Ротари трка“ низ централните улици на Кочани.  Во моментот тече рокот за пријавување на заинтересираните учесници на трката, која за прв пат се организира од страна ротаријанците.

„Ротари Клубот Кочани-Виница организира Ротари трка на 5 и на 10 километри. Настанот ќе се одржи на 26 Март во 18 часот низ кочанските улици. Право на учество ќе имаат сите љубители на трчењето и на здравиот начин на живот. Котизација за учество е 400 денари.

Во котизацијата е вклучен стартен пакет којшто содржи стартен број со чип, освежителен пакет и медал по завршувањето на трката. Подигање на стартните броеви ќе биде од 16 часот пред домот на културата во Кочани каде што ќе има и гердеробер просторија. (Организаторот не сноси одговорност за загубени предмети).

Награди – Организаторот има предвидено награди за победниците во машка и женска конкуренција. Истите ќе бидат дополнително објавени.

Рок за пријавување: 20.03.2022 23:59ч.

Сите заинтересирани учесници потребно е на го најават своето учество со претходна регистрација со клик ОВДЕ., соопштија од Ротари клубот Кочани-Виница.

Сподели: