ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани, в понеделник, 26 септември, под мотото „Нов научен јазик – нова визија за животот“ ќе го одбележи Европскиот ден на јазиците.
Гости на настанот ќе бидат Јалчн Неџипов – дипломиран правник, национален лидер на движењето „Аваја“ и Серџе Мемедова – студент на правен факултет, член на движењето „Аваја“.
На настанот ќе биде промовиран романот на годината од фондацијата „Славко Јаневски“, „Денот на црвот“ од Симона Јованоска.
Почеток е закажан за во 16 ч.
И. Матеничарски