Младинските организации „Авангарда“ од СОУ „Гошо Викентиев“ и „Единство“ од СОУ „Љупчо Сантов“ годинава заеднички ќе организираат хуманитарен натпревар во футсал помеѓу професорите од двете средни училишта во општината.
Натпреварот е закажан за во вторник, 27 декември со почеток од 19 ч. во Спортската сала во ООУ „Никола Карев“ – Кочани.
Картите за натпреварот се по симболична цена од 50 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за семејства од социјален ризик.
Хуманитарниот натпревар во футсал помеѓу професорите од двете средни училишта годинава се организира за прв пат и се планира да прерасне во традиционална предновогодишна активност на средните училишта во општината.
И. Матеничарски