В петок, на 27 мај 2022 г., со почеток во 11 ч. во салата на Советот на Општина Кочани ќе се одржи Дискусија за нацрт-извештајот од социјалното мапирање на состојбата и потребите на лицата со попреченост во Општина Кочани.
Настанот е во рамките на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“, имплементиран од ЗЕЛС и НАЛАС – Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ, во соработка со GIZ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој.
Општина Кочани