На 27 јануари – Државно првенство во борење за сениори  2024 год.

Во организација на Боречката федерација на Македонија и техничка организација на Боречкиот  клуб „Спартак“ – Кочани, утре, 27 јануари, во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ ќе се одржи Државното првенство во  борење – слободен стил за сениори/ки 2024 год.

На првенството БК „Спартак“ ќе настапи со 14 борачи: Зоран Митев, Дамјан Крстов и Драган Глигоров до 57кг., Благоја Тасески и Стефан Штерјов до 61кг., Ефтим Стоименов до 65кг.,  Александар Павлев до 70кг.,  Расул Шапиев и Филип Ѓорѓиев до 74кг.,  Петар Иванов и Андреј Петков до 86кг. Леон Трајанов и Стефан Миладинов до 92кг. и Горан Терзиски до 97кг.

Право на учество на ова првенство имаат борачи -родени од 2005 година и постари.  

На Државното првенство в сабота ќе настапат екипите: БК „Лирија“ од  Скопје, БК „Бучим“ од  Радовиш, БК „Балканец“ од  Штип, БК „Неготино“, БК „Борец“ од Велес, БК „Аждер“ од Охрид, БК „Студеничани“, БК „Конче“ Радовиш и БК „Шкупи“ од Скопје.

Натпреварите започнуваат од 11:30 ч.

Сподели: