Општинската организација на Црвен крст – Кочани за в четврток, 27 јануари ја најави својата прва крводарителска акција за 2022 година. Со почеток од 08:30 до 14 ч. во просториите на Црвениот крст граѓаните ќе може да даруваат крв на редовната акција во месец јануари.
„Почитувани сегашни и идни крводарители,Општинската организација на Црвен крст Кочани Ве поканува да земете учество на крводарителската акцијата која се одржува секој последен четврток во месецот во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани, овој месец на ден 27.01.2022 (четврток) со почеток од: 08:30 до 14:00 часот.
Ве очекуваме,
Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.
Црвен крст на РМ – Општинска организација КочаниФакти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација“, соопштија од Црвен крст – Кочани.