На 28 април во „Бели Мугри“ – Самостојна изложба „Рак не е само хороскопски знак“ на Сокол Марковски

Почитувани,

Ве известувамe дека на 28.04.2022 година во 19 часот, во Салон фоаје 2 (на катот) во НУЦК „Бели мугри” – Кочани, ќе биде отворена петтата самостојна изложба на Сокол Марковски од Скопје, под наслов „Рак не е само хороскопски знак“.

Сликите се изработени во периодот 2020-2022 година во техниките масло на платно и комбинирана техника и дигитален принт на хартија.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и ќе биде отворена до 12.05.2022 година.

Идејата врз која авторот го гради проектот со двосмислен наслов „Рак не е само хороскопски знак“ произлегува од различните емотивни и физички состојби со кои се соочуваат болните од рак.

Луѓето што се борат со некаква форма на рак не се претставувани во доменот на визуелните уметности кај нас, затоа целта на проектот е да допре и до социолошките аспекти преку портретите на замислени ликови и да предизвика сочувство кон нивната секојдневна борба.

НУЦК „Бели мугри” – Кочани

Сподели: