ОМУ „Ристо Јуруков“ и годинава во изменето издание ќе го реализира традиционалниот Новогодишен музички концерт во пресрет на празниците.
На репертоарот на концертот ќе се најдат десетина композиции во изведба на хорот и оркестарот на музичкото училиште. Поради пандемијата со Ковид-19 и годинава концертот ќе се реализира онлајн, во сала без публика, но истиот ќе се пренесува во живо на фејсбук страницата на ООМУ „Ристо Јуруков“.
-Концертот е закажан за 28 декември, вторник, со почеток од 18 часот. Поради пандемијата истиот ќе се реализира онлајн, односно учениците и професорите без публика ќе ги изведат композициите кои ќе бидат пренесени во живо на фејсбук страницата на ООМУ „Ристо Јуруков“. Најбитно од се е дека традицијата на организирање на Новогодишниот концерт продолжува и публиката иако во поинакво издание ќе може да ужива во изведбата на композициите, истакна Марија Лазарова, директорка на музичкото училиште.
Концертот се организира под покровителство на локалната самоуправа на Општина Кочани.
И. Матеничарски