Ротари клубот Кочани – Виница на 28 мај организира хуманитарна Ротари трка низ кочанските улици во централното градско подрачје во должина од 5 и 10 километри наменети за поединци или тимови како и фамилијарна трка која е намената за оние фамилии кои саакат да ја направат неделата малку поинтересна и да учествуваат тимски на трката во должина од 2.5 километри на истата траса.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2023/05/rotary-run-2023-map.jpg)
Ова е втора година по ред како Ротари клубот Кочани – Виница ја организира Ротари Ран трката во Кочани. Минатата година имаше огромен интерес и учество од многу наши сограѓани, но и тркачи од цела Македонија.
За истата има објавен јавен повик за учество и според организаторот досега се пријавиле поголем број учесници. Пријавувањето сеуште трае и можете да се пријавите на следниов линк https://rotaryclubkocanivinica.org/nastani/rotary-run-2023/
Организаторите истакнуваат дека право на учество имаат сите љубители на трчањето и здравиот начин на живот, што всушност е и целта на трката – да се промовира здравиот начин на живеење.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2023/05/DSC_4217-1024x681-1.jpg)
Со секоја уплатена котизација учесниците добиваат стартен број со чип, стартен паќет со производи од спонзорите, медал за учество како и благодарница за донацијата.
Сите собрани средства од настанот ќе бидат употребени за хуманитарни цели.
Пред и по трката во градскиот парк, каде и ќе биде стартот/финишот ќе има богата музичка програма како и други содржини.