На 28 февруари 2025 г. (петок) од 18:30 ч. во Фоаје 2 при Центарот за култура „Бели мугри“ ќе биде отворена изложбата на дела на учениците од Училиштето за цртање и сликање при националната установа.

На изложбата ќе бидат прикажани цртежи и слики изработени од учениците под менторство на акадменската сликарка и раководителка на училиштето, м-р Александра Димитрова.