Во вторник, 28 јуни со почеток од 20 ч. библиотека „Искра“ организира настан за одбележување на 70 години јубилеј од првиот македонски игран филм „Фросина“.
На настанот стручно излагање ќе има Сунчица Веселиновска, виш филматолог, а ќе биде поставена и изложба на фотографии од филмот „Фросина“ и на дел од стручниот библиотечен материјал во издание на Кинотека на Македонија.
Одбележувањето се реализира во соработка на Библиотека „Искра“ и Кинотека на Македонија.
И. Матеничарски