На 29 март – Изложба „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“

На 29.03.2023 г. во 13:00 часот во просториите на НУЦК “Бели мугри” – Кочани (Фоаје 2) официјално ќе биде отворена изложбата на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“.

Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „ОДОНАТА“- Кочани и Македонското модно здружение- Скопје, заедно со повеќе од 20-тина млади учесници, ментори, дизајнери и останати индивидуалци и креативци кои помогнаа во реализацијата на овој одличен проект, ќе го прикажат продуктот на трудот од изминатите неколку месеци, подрзабирајќи продукти и прототип-дизајни изработени од оризови остатоци: оризова арпа, оризова слама, оризово брашно, еко-колоринг од оризови остатоци.

Преку разни практични работилници, теоретски настави и креации, на учениците од СОУ „Љупчо Сантов”-Кочани и ОУ „Малина Попиванова”-Кочани покажаа како можат да се развијат нови дизајни на производи од оризовиот отпад како главен предмет на истражување. Со умешност и иновација, покажаа на каков начин може да се искористи потенцијалот на земјоделскиот отпад како алтернативна суровина во производството и дизајнот.

Преку проектот, не само што се подига свесноста за важноста на заштитата на животната средина, циркуларната економија, креативната индустрија и агрикултурниот сектор, туку се влева поддршка на малцински групи, меѓусекторка соработка и промовирање домашни проекти кои придонесуваат кон европските вредности и перспективи.

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната, Кочани и Македонското модно здружение, Скопје се спроведува во рамки на „Регионалната програма за локалнадемократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кочани.

Едукативните активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е, проект поддржан од владата на Швајцарија и имплементиран од Хелветас.

Голема благодарност до: Општина Кочани, Фабрика за ориз „БМФ”- Зрновци, г-дин Зоран Тодоров „ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ ВО КОЧАНИ”, УКИМ Земјоделски институт – Кочани, СОУ „Љупчо Сантов”- Кочани, ОУ „Малина Попиванова”-Кочани.

Сподели: