На 29 март – Кочани домаќин на Државно првенство во борење за основци

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Боречката федерација на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Општина Кочани, в петок 29 март, градот Кочани ќе биде домаќин на Државното првенство во борење за основните училишта во машка и женска конкуренција.

Државното првенство ќе се спроведе во салата на ООУ „Никола Карев“ – Кочани со почеток од 10:30 ч. Право на настап имаат редовни и вонредни ученици запишани во основните училишта во учебната 2023/2024 год. родени 2008 год и помлади.  Момчињата ќе се натпреваруваат во 11 натпреварувачки категории, додека девојките во 6 во форма на Куп систем со репараж во категориите со пет или повеќе пријавени натпреварувачи.

Пријавувањето на учесниците е дозволено да се достави до регистрационите центри најдоцна до 27 март (среда) до 15 ч.

Сподели: