В среда, на 29 јуни во Градскиот трговски центар со почеток од 18 ч. ќе се одржи хуманитарен настан за помош на сограѓанката Славица Димитрова.
На настанот планирано е да настапат фолклорни групи и ансамбли како и познати локални музички групи и изведувачи. Меѓудругото ќе бидат поставени и штандови и книги на роднокрајни автори и работилница за рачни изработки, информираат организаторите.
Средствата собрани од хуманитарниот настан ќе бидат донирани на младата сограѓанка Славица Димитрова, која боледува од ретко генетско заболување на очите, за што и е потребен третман со матични клетки на клиника во Русија.
И. Матеничарски