На 3 и 4 јануари, Божиќна пештера во Градскиот трговски центар

На 3 и 4 јанаури, на платото во Градскиот трговски центар во Кочани ќе биде поставена Божиќна пештера каде граѓаните ќе може да донираат храна, намирници и финансиски средства кои подоцна во пресрет на празниците Бадник и Божиќ ќе бидат поделена на лица од ранливи категории.

Настанот е во организација на храмот „Св. Вмч. „Георгиј“ – Кочани, а хуманите граѓани ќе може да донираат и двата дена, во периодот од 13 до 18 ч.

-Како еден вид замена на Бадниковите поворки кои поради пандемијата и годинава нема да се одржат, на 3 и 4 јануари на платото во Трговскиот центар ќе биде поставена Божиќна пештера каде што сите хумани луѓе ќе може да донираат и да им ги разубават Божиќните денови на оние на коишто имаат потреба. Може да се донира храна, намирници и финансиски средства кои потоа на 4 и 5 јануари ќе бидат поделени се со цел Божиќнат радост и трпеза да биде побогата на оние категории на луѓе на кои им е најпотребна, истакна Димитар Арсовски, свештенослужител во храмот „Св. Вмч. „Георгиј“.

Сподели: