На 3 октомври – „Деновите на кочанскиот ориз“ во скратено издание

Дваесет и деветтото издание на најголемата културна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ ќе се одржи на 3 октомври, во скратена форма.

На неодамнешниот состанок, Организацискиот одбор на манифестацијата утврди многубројните, повеќедневни содржини да бидат сведени на минимум, и да се прикажат само обичаите зажнејување и вршидба, како настани што ја одржуваат релацијата со традиционалниот начин на одгледување на кочанскиот ориз.

Целта е да не се прекине тридеценискиот континуитет на манифестација, а да се избегнат масовни собири и опасноста за ширење на заразата.

Во рамките на манифестацијата ќе биде доделена и наградата за најуспешен оризопроизводител, за што конкурсот е во тек и ќе трае до понеделник, 28 септември.

Овогодишниот мал формат на „Деновите на оризот“ ќе биде придружен со завршните содржини и затворањето на Драмскиот аматерски фестивал.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial