Боречкиот клуб „Спартак“ – Кочани утре, 3 јуни во Спортската сала во ООУ „Никола Карев“ Кочани ќе го реализира 23 – тото издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“.
На турнирот освен борачи од Македонија свој настап ќе имаат и боречки екипи од Р. Србија, Грција и Косово како и клубови од Р. Бугарија.
Ќе настапат момчиња родени 2009 – 2012 и девојчиња родени 2010-2012 година, а екој клуб учесник на турнирот има право на по еден натпреварувач во секоја категорија и истите можат да настапат само со заверена легитимација од БФМ или со пасош.
Натпреварите започнуваат со 11 ч. додека финалните борби ќе започнат во 15 ч.