На 30 мај – проекција на „Што е тоа жена?“ во Кочани

Коалицијата за заштита на децата и Елеуса Фондација стапија во потесна соработка со цел да го донесат пред македонската публика филмот „Што е тоа жена?“ на Мет Волш.

Тоа е филм кој е спој на документарец со хумористични нишки, во кој се разработува современата тема околу правата на жените, значењето на жената во општеството и дека истата не може да биде заменета од ниту еден маж.

Прикажани се повеќе интервјуа со најразлични лица – професори, доктори, психијатри, психолози и сл., кои кажуваат едно свое видување на прашањето што е тоа жена.

Времетраењето на филмот е 1 час и 35 минути

Кино проекција на филмот ШТО Е ТОА ЖЕНА?

30.05.2023 година во 19 часот

Голема сала при НУЦK “Бели мугри”- Кочани

Сподели: