АЛЕКСАНДАР ГИЦОВ „Портрет на еден архитект“
МЕСТО: НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ
ВРЕМЕ: САБОТА, 30 СЕПТЕМВРИ 2023 Г.
13:00 ЧАСОТ
Почитувани,
Ве покануваме да присуствувате на свеченото отварање на хуманитарната изложбата „Портрет на еден архитект“, во чест и спомен на архитектот Александар Гицов. Александар Гицов како архитект остави значаен белег во Кочани. Неговите стручни и уметнички способности беа препознаени и одликувани со Награда за животно дело од Општина Кочани. Неговото архитектонско творештво опфаќа бројни проекти низ македонските градови. На настанот ќе бидат изложени модели на дел од неговиот творечки архитектонски опус.

Воедно, оваа изложба има хуманитарен карактер, со цел собирање на средства за донација на училишен прибор на учениците од социјално загрозените семејства.
Изложбата ја подготвија:
Марија Петрова – Фафа
Дејан Јанев
Сара Јованоска
Ахмед Пошка
Теодора Стеваноска
Кирил Кочоски
Викторија Прошева, подготовка на технички цртежи,
Дени Илиов, подготовка на технички цртежи,
Љупка Коцева, подготовка на технички цртежи
Ана Марија Ристиќ, подготовка на технички цртежи
Учениците од Училиште за цртање и сликање при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани под менторство на м-р Александра Димитрова