Утре, 30 септември во Кочани ќе се одржи втората самостојна изложба на ликовниот уметник Нада Ѕмбова Донева – „Вера, Надеж, Љубов“ во НУЦК „Бели Мугри“, со почеток во 19:30 часот.
Изложбата е дел од годишната на програма на НУЦК „Бели мугри“ финансирана од Министретсвото за култура.
Делата се настанати во периодот од 2020 до 2022 година.
Нада Ѕмбова Донева првата самостојна ликовна изложба ја имаше во 2019 година во салонот на НСЦУ „Бели Мугри“ во Кочани, а учествува и во неколку групни изложби во Кочани, Штип и Виница.
