На 30 септември Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 63. редовна седница

На 30 септември 2021 година, со почеток во 10 часот, во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 63. редовна седница.

На предлог-дневниот ред се наоѓаат девет точки:

  1. Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2020/21 година (СОУ „Гошо Викентиев“ и СОУ „Љупчо Сантов“)
  2. Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2021/22 година (СОУ „Гошо Викентиев“ и СОУ „Љупчо Сантов“)
  3. Барања согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските средни училишта (СОУ „Гошо Викентиев“ и СОУ „Љупчо Сантов“)
  4. Барање согласност за згрижување поголем број деца во воспитните групи од 2 до 6-годишна возраст во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  5. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани во воспитната 2020/21 година
  6. Годишна програма за работата на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани во воспитната 2021/22 година
  7. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од А1 Македонија ДООЕЛ – Скопје
  8. Предлог-одлука за давање согласност на договор за примање донација од Амбасадата на НР Кина
  9. Предлог-решение за изменување на Решението за формирање стручна комисија за процена на штети предизвикани од елементарна непогода (пожари) на подрачјето на општина Кочани.

Седницата на Советот ќе се одржи со почитување на актуелните мерки и препораки за заштита од Ковид-19.

Сподели: