На 31 јануари театарска претстава Мој термин – што “лечи” во „Бели Мугри“

В петок на 31 јануари со почеток од 17:00 часот во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе биде прикажана претставата Мој термин – што “лечи”, како дел од проектот „Менување на негативните наративи кај здраствените професионалци“.

Театарската претстава е социјално битова драма со елементи на форум театар. Истата е од едукативен карактер во насока на спречување на малолетнички бракови , критика на користење на надрилекарство наместо редовни лекарски прегледи и поттикнување на позитивни примери кај здраствените работници, заради намалување на стереотипите и предрасудите кон ромската заедница.

Претставата ќе биде изведена од Аматерската театарска група „Делчево“ под менторство на Маријана Стоименовска, преку невладината ромска организација „КХАМ“ Делчево.

И.Матеничарки

Сподели: