На 4 април – „Музички караван“ на ООМУ „Ристо Јуруков“

ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани за утре, 4 април најавува „Музички караван“.

Најпрвин со почеток во 12 часот во просториите на училиштето ќе се одржи предавање на тема „Поставување на раката кај децата почетници по пијано“, а предавач е проф. д-р Милица Шкариќ – професор на Музичка академија при УГД Штип.

Во 14 часот е закажан концерт на учениците од:

ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани;

ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија и

ООМУ „Методи Патче“ – Охрид

Сподели: