На 4 февруари – Ноќно скијање на Пониква

Новата снежната покрива што се формираше на Пониква создаде идеални услови за скијање на на ски-патеките на Спортско-рекреативниот центар на Осоговските Планини.

За в петок, 4 февруари, љубителите на зимските спортови ќе имаат можност повторно да уживаат во ноќно скијање под рефлектори на Пониква.

Ски-патеките 1 и 3 се целосно подготвена за скијање со користење наменска машина – ратрак, а на посетителите им се нудат дополнителни можности за рекреација.

Ски-патеките ќе бидат  отворени во периодот од 17 ч. до 20 ч. , а цената за ноќниот билет за ски-лифтот е 500 денари. Посетителите дополнително можат да изнајмат опрема за скијање или санкање.

Сподели: