На 4-5 септември на Пониква закажан ридско-бризинскиот шампионат во автомобилизам на Македонија

Кочани на 04 и 05 септември ќе биде домаќин на ридско-брзинската трка на патеката „Пониква“, како дел од од Државниот шампионат во автомобилизам на Македонија.

На натпреварувањето ќе учествуваат околу 30 автомобилисти од  Македонија, како и гости од странство кои ќе се борат за повисок пласман и бодување во Централно Европската Зона.

Стартот е планиран да биде од Градската депонија, на патека долга 5,91 километри, со крајна цел кај месноста „Пашаџиково“.

Пријавувањето на натпреварувачите е до среда  1. септември кога и официјално ќе се знае конечниот број на учесници.

Трката ќе биде  во организација на АКК„Перформанс“-Скопје, со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: