ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани организира програмска активност по повод „5 Мај – Ден на македонскиот јазик“.
За развојот и кодификацијата на македонскиот литературен јазик свое излагање ќе има Славица Цветкова, професор во пензија по Македонски јазик и литература.
Првите акти поврзани со кодификацијата, дел од првите списанија и книжевни дела ќе презентираат ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.
Настанот е закажан за в четврток, 5 мај 2022 од 12 ч. во просториите на библиотека „Искра“.
