На 5 мај – Донаторска вечер со Viki&KGB бенд

После 5 години историјата се повторува, тимот MAKBOT PIONEERS повторно оди на светско.

Да ги поддржиме заеднички на натпреварот по роботика FIRST LEGO LEAGUE за достојно да ја претстават нашата држава на светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Мароко.

По тој повод СОУ “Гошо Викентиев” во соработка со Пролет бар огранизира донаторска вечер на која ќе настапат Viki&KGB бенд.

Сите средства кои ќе бидат собрани од овој настан ќе бидат донирани на нашиот тим за да може да го реализира учеството на ова светско првенство.

Влез: 300 денари

5 Мај, 2023 (петок) во Кафе бар Пролет

СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани

Сподели: