На 5 ноември  –  22. Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“ 2022

Во организација на Боречкиот клуб „Спартак“ – Кочани и Борчката федерација на Република Македонија, в сабота 5 ноември во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани ќе се одржи 22. Издание н Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“ 2022 год.

Турнирот во борење ќе започне во 11 ч. на кого учество ќе земат момчиња и девојчиња  од генерациите 2006 до 2012 година од клубови од државата и странство.

момчиња во категоријата 2009-2012 во шест категории,

 момчиња во категоријата 2006-2008 во две категории и

девојчиња во категорија 2010-2012 во две категории.

На турнирот свое учество најавија „Балканец“ (Штип), „Бучим“ (Радовиш), „Бучим шампион“ (Конче), „Киро Ристов“ (Таринци), „Лирија“ (Скопје), „Карбинци“ (Карбинци), „Борец“ (Велес), „7-ми Мај’ (Прилеп), „Вардар“ (Скопје), а се очекува настап и на натпреварувачи од Република Грција и Република Бугарија.

Турнирот се реализира со поддшка на Локалната самоуправа на Кочани.

Сподели: