На 5 – ти март, 17. издание на Меморијалниот фудбалски турнир „Драганица Куп“ 2023

Домаќинот и организатор на турнирот ГФК „Осогово“ и екипите на „Слога 1934“ – Виница и „Каменица Саса“ од Македонска Каменица од генерациите 2006/2007 година ќе бидат учесници на 17 – тото издание на Меморијалниот турнир „Драганица Куп“ 2023 год.

Турнирот е закажан за в недела, 5 март, со почеток од 09:30 ч. на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

Дуелите ќе траат по 45 минути, а прогласувањето на победниците ќе биде во 12 ч.

На турнирот ќе бидат доделени награди за најдобар голман, играч и голгетер на турнирот.

Меморијалниот фудбалски турнир се одржува од 2007 година во чест на една од најголемите кочански фудбалски легенди, Драган Михајлов – Драганица.

И. Матеничарски

Сподели: