На иницијатива на господинот Сашко Златков и останати жители од село Видовиште кои живеат и работат надвор од Република Македонија, Советот на Општина Зрновци донесе одлука за проширување на Програмата за одржување на културни манифестации во Зрновци.
Овој настан кој за прв пат ќе се одржи в недела на ден 06.08.2023 година, со почеток од 11:00 часот на место викано „Магила“ во село Видовиште, како Локална самоуправа се обврзуваме да го прераснеме во традиционален настан кој би се одржувал на почетокот на месец Август, секоја наредна година.
Ги повикуваме сите љубители на Македонската песна и фолклор во недела да присуствуваат на овој прекрасен настан и да уживаат во настапот на познатиот Македонски пеач, господинот Јордан Митев.
Општина Зрновци