По повод големиот христијански празник Бадник, свештенството на храмот „Св. Вмч. „Георгиј“ – Кочани традиционално ја организира Бадниковата поворка низ кочанските улици.
В петок, на 6 јануари на празникот Бадник, во црковниот храм во Кочани ќе се одржи Света литургија со која ќе чиноначалствуваат свештенослужители од кочанското архиерејско намесништво.
Поворката ќе тргне во 09 ч. од црковниот храм „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани, по улицата „Илинденска“ и „Димитар Влахов“ до мостот кај Шопинг центарот и оттаму ќе продолжи по улицата „Маршал Тито“ до Градскиот плоштад. На плоштадот поворката ќе биде примена од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани истакнаа дека на поворката ќе учествуаат над 120 дечиња кои ќе продефилираат низ улиците при што ги повкаа сите верници, да излезат на улиците и да ги поздрават младите бадникарчиња, кои со песна ќе известат за радосната вест на Христовото рожденство.
И. Матеничарски