На 7 октомври – Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија 2022

Националната установа- Центар за култура
„Бели мугри“ – Кочани, Ве поканува да ја проследите поставката на делата од ЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА 2022 во комплетна организација на Домот на културата – Пробиштип

Отворање

07.10.2022 година (петок)
12.30 часот
Салон фоаје 1


Проектот е дел од годишната програма на установата за 2022ра година под целосно финансиско покровителство на Министерството за култура на РСМ
„Далечната 1992 година започнува приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија“. Оттогаш па се до денес Ликовната колонија прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег нанашата општина.
Стотици уметници од многу краеви на светот беа дел од Лесновскаталиковнаколонија, задсебеоставајќисвоидела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела, кои Домот на културата ,,Злетовски рудар“ ги чува грижливо, со гордост изложувајќи ги во скоро сите Домови и центри за култура.
Проектот ,,Meѓународна Лесновска Ликовна колонија 2022“ е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.
Главен покровител на „Лесновската Ликовна колонија“ е општина Пробиштип, а организатор е Дом на културата ,,Злетовски рудар“ од Пробиштип.
Оваа година на колонијата учество зедоа 14 учесници, а колонијата се одржа од 28.06.2022 до 03.07.2022 година.
На изложбта ќе може да ги погледнете делата изработени од Дарко Заревски, Ѓоко Антониев, Димитар Димитров, Новица Трајковски, Александар Поповски, Христина Стојчевска, Владимир Темков, Горан Боев, Тони Чатлески, Соња Р. Јовановски, Васил Гаврилов, Бисер Лапев, Десислава Лапева и Наташа Радосавлевиќ“

НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани

Сподели: