На 7 септември – Мото рели „Македонија независност“  во Кочани

Од 6 до 8 септември Мотоциклистичка федерација на Македонија ќе го реализира 32. издание на мото-релито „Македонија независност“.

На годинашново издание ќе учествуваат повеќе од 400 моторциклисти од државата и странство кои за три дена со своите мотори ќе ја заобиколата целата држава.

Мото релито започнува од Скопје на 6 септември, а првата попатна пауза е во Кочани, в сабота, 7 септември во 12:30 ч. по што ќе следува и мото дефиле низ градот. Домаќини во Кочани ќе биде Мото клубо „Желки“.

Стартот на дефилето е планиран од ресторанот „Аква“, а ќе се вози  до Шопинг центарот во Кочани. По претставувањето во Кочани дефилето продолжува по својата рута низ Макеоднија.

Мото-релито „Македонија независност“  е единствен спортски настан кој се одржува во континуитет точно 32 години. Низ годините се реализира низ различни форми во зависност од околностите. Неговата примарна цел е промоција на моторциклизмот како спорт.

Сподели: