Утре, 7 февруари 2025 г. со почеток од 12 ч. во ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани ќе се одржи промоција на монографијата „60 години ЛК „Копнеж“.

– Со издавањето на монографијата ја одбележуваме шеесетгодишнината од неговото формирање, јубилеј достоен за почит. Со издавањето на монографијата како сведок на шестдецениското постоење, изразуваме огромна благодарност кон сите досегашни членови, претседатели, раководители и сите кои со својот ентузијазам и ангажирање, поддршка и поттик, придонесоа овој книжевен клуб да стане познат и признат културен субјект во Кочани и пошироко истакнаа од ЈОУБ „Искра“ Кочани.
Автори на монографијата се Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, Аника Илијевска Ѓорѓиева и Славица Цветкова.