Доброволното противпожарно друштво Кочани на 9 април 2024 год. (вторник) во Ресторан „Амор“ ја организира втората донаторска Гала вечер.
На донаторската Гала вечер граѓаните и бизнис секторот ќе имаат можност да се запознаат со досегашното работење на ДПД-Кочани, како и споделување на идеи, планови и потреби на друштвото во иднина.

– Целта на настанот е запознавање на бизнис секторот и опшинските власти со работата и потебите на друштвото за негова надградба. Настанот ќе има и музички дел, а истиот ќе биде и од донаторски карактер. Влезнците за настанот во кој е вклучено мени чинат 2500 денари и истите веќе се пуштени во продажба, соопштија од ДПД – Кочани.
Влезниците може да се набават со уплата на жиро сметка: 300050000186807 – Комерцијална банка или пак со каса прими кај Александра (телефон за контакт: 078319117), Златко ( телефон за контакт: 071 851 028) и Стојан (телефон за контакт: 070 354 809).