Невремето проследено со дожд, ветар и град што попладнево го зафати Кочани повторно предизвика поплави на семејни куќи на ул. “Тодосија Паунов” кај кружниот тек кај бензинската на Лукоил.

Поради лоши изведената атмосферска канализација секој поголем порој предизвикува поплавување на семејни куќи на граѓани.


– Секој поголем дожд е иста состојба. Поради лошо изведената атмосферска канализација и враќањето на вода од фекалната канализација нашиот дом и домовите на соседите се поплавува со вода. Проблемот е повеќегодишен, а се влоши и со изградбата на кружниот тек. Надлежните се запознаени, но никој не сака да преземе чекор да се санира проблемот. Самоиницијативно имаме инсталирано пумпи за вадење на водата, а кога има големи количини секгаш интервенира кочанската пожарна за испумпување на водата. Се нафаќаме и сами да финансираме за проблемот да биде решен и водата соодветно одведена во канализација или блискиот мини канал. Многупати сме реагирале до Општина Кочани, КЈП Водовод и водостопанската подружница Брегалница за чистење на каналчето што доаѓа од Трајаново трло и ја прибира водата, но залудно, никој не презема ништо. Уште еднаш, апелираме до надлежните да имаат слух за проблемот, стои во реакцијата испратена до интернет-порталот “Гласно”.

Поројното невреме предизвика поплавување на улиците во градот, проблеми со електричната и телекомуникациска мрежа како и оштетувања од паднати дрвја.