Силното невреме проследено со пороен дожд и грмежи ноќеска предизвика поплавување на селото Спанчево, во Општина Чешиново – Обелешево.
Од надојдената вода од околните ридови се излил собирниот канал кај селото при што поплавени се семејни домови, патишта, дождот уништи потпорни ѕидови и земјоделски посеви во селото.
Според информациите од терен, големи количини на дождовница ноќеска се слила од околните ридови директно во селото при што се излил и собирниот канал кој како што велат жителите на село Спанчево повеќе години не бил исчистен.
Поради поплавата, селото Спанчево се соочува и со проблеми со електро и водо снабдувањето.
И. Матеничарски